| |

Во Софија се одржа протест против Монументот на окупаторската црвена армија- едни против други се исправија бугарски патриоти и подржувачи на Путин и Кремљ

Проруски активисти, учесници во пропагандната кампања на Кремљ „Бесмртен полк“ утрово пред споменикот на советските окупатори во центарот на Софија беа пречекани од моќна група и скандирање „Тука ќе има бугарски споменик“, Окупатори, ова не е Москва“, „Митрофанова оди на х…ј“, „Народни предавници“, јавува бугарскиот информативен портал Фактор.

Проевропската група ја интонира старата бугарска химна „Шуми Марица“ и мавташе со плакати „Декомунизација“ и „Тука ќе има само бугарски споменици“.

Меѓу насобраните околу 150-200 луѓе беа и пратеничките од „Демократска Бугарија“ Кристина Петкова и Елисавета Белобрадова.

Почитувачите на советското минато беа околу 350-400 луѓе, речиси целата елита на БСП, меѓу кои се истакнаа поранешниот пратеник и сегашен член на раководството на партијата Красимир Премјанов, поранешниот претседател на БСП Михаил Миков, Александар Симов, Калојан Паргов. Тие е ја опколиле руската амбасадорка Елеонора Митрофанова за да ѝ честитаат. Проруските демонстранти носеле Ѓорѓиевски ленти и портрети на нивните дедовци, кои се бореле во Втората светска војна.

Настанот во Софија е фалсификување на идејата за „Бесмртениот полк“, бидејќи тој е во спомен на оние кои исчезнале без трага за време на војната, а во Бугарија нема ниту еден таков документиран случај. На овој начин се прави обид да се легитимира минатото на комунистичките криминалци со тоа што им се дава ореол на „борци против фашизмот“.

Од Фактор јавуваат уште дека меѓу двете групи со создала тензија проследена со вербални навреди.

Слични Објави