ЃОРЃИЕВСКИ: ВО НОВО СЕЛО ВЛАСТА НАМЕСТО ДА РАБОТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ, РАБОТИ ШВЕРЦ ПРЕКУ ГРАНИЦА
Овде во Ново Село гледаме што значи кога СДСМ е на власт, многу криминал, корупција и незаконие. Шверцот е нормална работа за оваа криминогена власт, која наместо да работи за граѓаните работи шверц преку граница, изјави Ѓорѓиевски.
Тој напомена дека откако СДСМ е на власт за Ново Село нема направено ништо, нема проекти, нема инвестиции.
Земјоделците кои се најбројна категорија се понижени и оставени сами на себе, нема пласман, нема откуп, а кога го има е по очајно ниски цени, што не ја овозможува ниту егзистенцијата на граѓаните, истакна Ѓорѓиевски.
Покрај катастрофата на домашен план власта се соочува со дебакл на меѓународен план, капитулантскиот договор со Грција е пример за штетноста на оваа влада.
Договорот е негативен и на целосна штета на државата и граѓаните, токму затоа ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува истиот.

