ПАТОТ „АРБЕН ЏАФЕРИ“

//

Автопатот “Арбен Џафери” свечено беше пуштен во употреба на 29 мај. Со тоа регионот го доби најдолгиот мост во регионот, со должина од 5,7 км како дел од новиот автопат што ги поврзува Косово и Северна Македонија.

Којзнае како ќе се чувствуваше Арбен Џафери да беше сѐ уште жив и да го видеше ова дело, нешто што е многу повеќе од пуштање пат во употреба. Станува збор за чин на обединување!

Арбен Џафери беше човек со многу јасна визија, редок, ако не и единствен, од својот вид. Наспроти политичката класа што долго време, главно, ја карактеризираат грешки, имаме луѓе како Џафери кои клучот за вратата кон општествена среќа и благосостојба го наоѓаат во единството. Единството како одлика на моќта, а разединетоста како чин на слабоста!

Не сакам да размислувам за ултранационалистичката конотација што му се дава на поимот единство. Кога зборувам за единство сакам да потсетам на сонот на Арбен Џафери за обединети луѓе кои се грижат едни за други и си помагаат меѓусебно. Тој човек знаеше дека нема подобар начин да се воздигнеме себеси од чувството дека сме му помогнале на другиот. За него најдобриот излез од безизлезноста беше трудот и посветеноста чии придобивки несебично се делат со другиот.

Симболиката на овој пат треба да биде патот по кој треба да се движи Балканот! Дојде времето да се градат мостови и патишта кои поврзуваат, а не одвојуваат, патишта што ќе нѐ нетераат повеќе да се спознаеме и себеси и другите. Патишта по кои лидерите ќе ги одведат луѓето кон вистинското место, онаму каде што игнорантноста не постои, а ѕидовите се срушени.

Арбен Џафери беше лик кој му пркосеше на строгиот тест на историјата. Тој, најверојатно, останува единствениот албански политичар со кој се согласуваат повеќето негови колеги, независно од политичките убедувања.

Концептуалниот архитект на автопатот беше токму Арбен Џафери. Со тоа тој го направи патот многу поголем и посилен.

Податоците велат дека за изградба на автопатот биле ангажирани 9.500 работници и сите ним треба да им бидеме благодарни за трудот и посветеноста. Исто како што треба да сме благодарни и на Република Косово за поддршката на оваа иницијатива, а и на сите непосредни фактори вклучени во овој гигантски проект. Во оваа мошне значајна градба е вклучена и Северна Македонија. Според договорот, државата треба да изгради околу 12 км од автопатот, чиј дел во Косово е 64 км. Ако земеме предвид дека Северна Македонија најмногу извезува во Косово, иронијата лежи во тоа што досега државата нема изградено ниту 1 метар од патот!!!

Се надеваме дека наскоро ќе дојде мигот кога државата ќе го преземе својот дел од одговорноста и ќе ја одведе државата кон безбеден и посакуван дом за секој нејзин жител.



А ние треба да ја продолжиме визијата на големите мислители! Да ја користиме инспирацијата што ни ја дале луѓе како Џафери и, секако, онаа на многуте други кои биле или сѐ уште се активни во мисијата за подобар живот, подобра економија и подобро општество. Посветеноста, лојалноста и еднаквоста се од клучно значење во тој процес.

На Балканот сѐ уште има потреба од повеќе патишта, оние вистинските. Не треба да чекаме да ги изгубиме луѓето со остра визија, кои подоцна постхумно ќе ги почитуваме … Губиме ние, губат идните генерации, губи државата!

Километрите на автопатот “Арбен Џафери“ нека биде првите неколку кои што со сигурност ќе нѐ одведат кон стотиците други што ќе се создадат заради зближување на луѓето! Луѓето кои биле пример за европска цивилизација ги заслужуваат таквите патишта.

Да го дадеме своето парче придонес во мозаикот на сеопштото добро. Само така полека ќе ја спуштиме завесата на мрачното минато, а ќе го отвориме видикот за хармонијата, развојот и просперитетот. Иднината на единството лежи во сплотеноста во сегашноста!

Да ги славиме имињата на оние чии дела помагаат во обединувањето!

Автор: Д-р Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар

Претходна статија

КОНЦЕРТОТ НА СТИНГ ПОЧНУВА ВО 22 ЧАСОТ ЗАРАДИ ПЛАСМАНОТ НА ВАРДАР ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ВО РАКОМЕТ

Следна статија

П. КОЛЕВ: ШТО ЌЕ НИ Е ЦРНО-БЕЛАТА ЗГРАДА АКО НЕ ГИ ПРЕНЕСУВА ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ?!

Најново од Истакнато

Кандилце за душата

Пишува: Румен Леонидов В началото не бе Словото. В началото начело беше Светлината, която възсия чрез