(Видео) Иванов: Сметам дека Украина работи на дронови со нуклеарни глави
Сметам дека Украина работи на дронови со нуклеарни глави. Тоа го кажа во емисијата Студио Актуелно новинарот и меѓународен аналитичар Иво Иванов. Тој го коментираше текот на војната во Украина и провокациите на Русија со руските дронови над земји од НАТО:
„Поразот е на Путин, а Путин и во моментов трпи пораз со тоа што не може да го пробие фронтот и нема да го пробие поради веќе други причини, воени и технички, затоа што светот влезе во една војна, која некои ја определуваат како војна од шеста генерација, тој е поразен. Она што синоќа го кажа пред ООН Зеленски е исклучително страшно. Не знам зошто малку му обрнаа внимание.
Зеленски предупреди, кажа нешто што според мене не се празни зборови, не е некаква футурологија. Тој рече: „Наскоро ќе има дронови што ќе фрлаат нуклеарни глави.“ Јас сметам дека Украина работи на тоа прашање.“

