КОНЦЕРТОТ НА СТИНГ ПОЧНУВА ВО 22 ЧАСОТ ЗАРАДИ ПЛАСМАНОТ НА ВАРДАР ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ВО РАКОМЕТ

//

„СТИНГ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ!
ДЕНЕС БИДЕТЕ СИТЕ АНГЛИЧАНИ, ДОЈДЕТЕ НА ГРАДСКИ СО КАБАНИЦИ ИЛИ СО ЧАДОРИ!

Задоволство ни е да Ве информираме дека Градски стадион е комплетно подготвен за вечерашниот спектакл.

Стинг веќе пристигна во Скопје и неговата екипа работи на монтирање на бинската опрема на импресивнaта бина. Се очекува на концертот да присуствуваат повеќе од 25.000 посетители од целиот регион.

Поради влезот на „Вардар“ во Финалето на Final four, веќе објавената сатница останува иста :

ВРАТИ: 19:00 часот
Влатко Стефановски трио: 20:30 – 21:30 часот
STING: 22:00- 00:00 часот

Бидејќи прогнозите се дека не’ очекува дожд во текот на попладневните и вечерните часови, Ве молиме сите подготвени да го дочекаме дождот и доколку дојде, да го прифатиме како неминовен дел од овој вечерашен спектакл.



Се гледаме вечер!
Ваша 
Авалон Продукција“, објави на својот профил првиот човек на Авалон продукција Бобан Милошески.



Претходна статија

И. НИКОЛОВ: ПО ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА БРИСЕЛ МЕТЛАТА ТРЕБА ДА ЗАИГРА ПРВО КАЈ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ФЗОМ

Следна статија

ПАТОТ „АРБЕН ЏАФЕРИ“

Најново од Вести