Одбележуваме 98 години од смртта на кочанскиот војвода на ВМРО Панчо Михајлов
На 15 јуни 1925 г во Софија е убиен еден од најзначајните интелектуалци на ВМРО – ПАНЧО МИХАЈЛОВ, кочански војвода, бугарски офицер и фолклорист, роден 1891 г. во Штип. Завршил Бугарско педагошко училиште во Скопје и работел како учител. Во Балканските војни бил доброволец во Бугарската армија на Македоно-одринското ополчение, а во Првата светска војна е командир на чета во Бугарската армија. Награден е со орден за храброст и заслуги. После војната се присоединува на обновената ВМРО на Тодор Александров. Во кочанско и штипско води борби со србските војски. Во 1924 г. го издава зборникот БУГАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАКЕДОНИЈА. После убиството на Т. Александров бил во конфликт со Иван Михајлов, кој ја издал наредбата за неговото убиство.
“…Кога се освестив, се видов врзан така силно, што градниот кош ми беше излегол чувствително напред. Пред мене стоеја вооружени и во четничка униформа кочанскиот окол. началник М. Вукович и српските војводи на разбојничките чети отпадниците: Стојан Мишев-ич, Григор Циклев-ич, Мите Соџукаров-ич и др.
– Тебе ли те викаат Велко ти ли си бил Бугарски учител во тоа село? – грубо ме запраша началникот.
– Долги години во минатото сум бил учител, но сега дома си ги живеам последните денови, за разонада на децата – му одговорив јас.
– Зошто зборуваш на Бугарски јазик? – вторпат ме запраша началникот, стрелајќи ме со остриот поглед.
– Бугарин сум и на тој јазик сум зборувал уште како дете. На тој јазик сум ги учел децата…
– Замолкнете го тој пес и неговата душа нека се слее со пламенот на неговата куќа! – бесно викна началникот.
Ренегатите се фрлија врз мене и започнаа да ми ставаат јамка околу вратот. Во тој момент во собата влезе остар дим, измешан со пламени. Ренегатите со неколку скока се најдоа надвор од собата. Во последната јас останав сам, мирно чекајки да ме обземе пламенот и во него да го пронајдам крајот на својот пат на земјата. Во соседната соба слушнав офкања и викови: „курви“, „разбојници“. „Не ви е грев и срам“ и потоа силно офкање и тишина. Разбрав, дека моите снаи пред да бидат силувани и убиени, беа и ограбени. Се слушаше само звукот на гредите што паѓаат од пламенот и жално виење на Шарко. Кога веќе изгубив секаква надеж за живот, еден задишан војник трчајќи влезе во собата, која набрзо ја прегледа со погледот и кога ме виде, свиен во топка, се спушти над мене и ми рече: „Не се плаши, дедо. Јас сум војник, Хрват по народност и дојдов да ти помогнам!“ и брзо ги пресече јажињата и ми ги ослободи рацете, ме фати за раката и ме поведе низ огнените улици. Стигнавме до шумата, каде ми рече: „Вам ви се потребни планините!“ – ме ослободи…
Голем молк и вечна темнина бродат низ селото, низ чии руини сега висат гнезда на зли птици. Клети мајки, со бебиња сирачиња, потпрени стојат околу изгорените огради и губат поглед во непрегледната далечина, па низ крвави солзи го чекаат изгревот на Македонија… Јунаци, голема тага се лее во моето срце и сака да затемне се’. О, Македонијо, Македонијо, името ти е скрб.“ Солзи бликнаа низ неговите стари очи, се задави, заплака и молкна….”
Извор: ВО ЗЕМЈАТА НА СОЛЗИТЕ Библиотека Струмски.
