| |

БЕРОВО ОСТАНА БЕЗ СУДИИ: ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДОТ СЕ ОМАЖИЛА И ЗАМИНАЛА ВО КАНАДА

Основниот суд во Берово повторно остана без судии, па Судскиот совет, на утрешната седница ќе бара начин од кој суд да делегира судија и кого да стави за в.д. претседател, бидејќи на крајниот исток на земјава нема ниту кандидати од кои може да се избере судија, ниту некој судија од околните судови сака да биде делегиран и да суди во беровскиот суд.

Проблемот настанал кога штипската судијка Емилија Буриќ (Прошева) која беше избрана за претседател на крајот на 2015 година, далеку пред истекот на мандатот поднела оставка и бара да биде разрешена и од претседател на судот во Берово и од судија во штипскиот суд.

Буриќ навела дека бара да ја разрешат од лични причини, на сопствено барање, а Сведок дознава дека судијката Буриќ се омажила и заминала да живее во Канада и поради тоа бара да биде разрешена и од судија. Таа, според истите информации уште во мај ја напуштила позицијата, а со судот раководела заменичката. Судскиот совет на седница закажана за утре, 30 август, како точки на дневниот ред ги ставил барањето на судијката Емилија Буриќ за констатирање на оставката од позицијата Претседател на Основен суд Берово и судија на Основниот суд Штип (целиот текст прочитајте го овде)



Слични Објави