РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ОСТВАРИ СРЕДБА СО МИНЕСТРКАТА ЗА ОДБРАНА НА СЛОВЕНИЈА, АНДРЕЈА КАТИЧ
Радмила Шекеринска денес оствари работна средба со нејзината колешка од Словенија, Андреја Катич. Воедно по повод оваа средба таа објави на својата фејсбук страница :
Денес ни е во посета министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич. Нашите словенечки пријатели даваат континуирана поддршка за Македонија. Словенија не’ очекува да се придружиме на масата во НАТО. Во овој период додека да се официјализира членството во НАТО, пораките на храбрење, советите, идеите од државата која постигна најбрз политичко-економски раст во регионот, се повеќе од добредојдени.
