| |

МЕРКЕЛ: ФАЛАТ ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА РАЗВОЈ НА НОВАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повика на глобално заедништво во борбата со пандемијата на новиот коронавирус и заеднички напор да се пронајде вакцина против заразата.

– Секој во светот може да се зарази со овој вирус и затоа нашата мисија е да работиме заедно на глобално ниво – рече Ангела Меркел во нејзиниот редовен видео подкаст во сабота.

Меркел истакна дека Германија сака да работи интензивно со Светската здравствена организација и остатокот од светот на пронаоѓање вакцина против коронавирусот.

Таа додаде дека пандемијата ширум светот предизвикува огромна штета на економскиот и социјалниот живот. Меркел напомена дека околу осум милијарди евра во моментов недостасуваат за развој на новата вакцина и најави дека Германија ќе биде силно вклучена во процесот на пронаоѓање на вакцината преку финансирање.

Слични Објави