Ги знаете ли Коки и Кики што рекетираат и изнудуваат пари од градоначалници?, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, премиерот Зоран Заев, за време на пратеничките прашања во Собранието.
„Долго време се зборува за извесен сопственик на ТВ со псевдоним Коки, кој се занимава со уцени, рекет и перење пари. Тој не зборувал за сума помала од 200 илјади евра. Да го прашам премиерот Заев дали знае дека ова лице изнудило пари од поранешен градоначалник, и тоа 200 илјади евра?“, праша Милошоски.
Заев одговори дека слушнал и дека има сознанија дека веќе е отворена истрага.
„Да, допрел глас до мене. Скопје зборува и внатрешноста зборува. Прашав и проверив, а од институциите рекоа дека има истрага. Дај боже да има докази за да се расветли оваа работа“, одговори Заев.
Извор: Макфакс