Грујевски и Бошковски пред грчкиот врховен суд заради жалбата за екстрадиција
Во Врховниот суд во Атина денеска се одржува рочиште на кое ќе биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на судот во Солун за поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и за неговиот колега Никола Бошковски, јавува Канал 77.
Вчерашното сослушување на Грујевски и Бошкоски пред Комитетот за азил во Солун, каде тие требаше да објаснат зошто бараат азил во Грција беше одложено.
Одлучувањето во Атина доаѓа по нивните жалби откако основниот суд во Солун одлучи дека тие треба да бидат екстрадирани во земјава.
Грујевски и Бошковски, во Грција имаат три различни правни процеси. Едниот е за екстрадицијата по издадената меѓународна потерница од македонска страна, другиот за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром и третиот за барањето азил.
