| |

Желјазков за рејтингот на S&P: Амбицијата за еврозоната обезбедува политичка и финансиска стабилност за Бугарија

Бугарскиот премиер Росен Желјазков ја поздрави оценката на меѓународната рејтингова агенција S&P Global Ratings, која го потврди долгорочниот и краткорочниот кредитен рејтинг на Бугарија во странска и домашна валута ‘BBB/A-2’, со позитивна перспектива за рејтингот. Агенцијата нагласи дека амбицијата на Бугарија да се приклучи кон еврозоната обезбедила важна политичка потпора за строго фискално управување во времиња на политичка нестабилност, јавува БГНЕС.

„Според S&P, членството во еврозоната би било од корист за пристапот на Бугарија до капиталните пазари и ефикасноста на монетарната политика; тековниот буџет и фискалните планови целат дефицити до 3% од БДП во следните 3 години, што изгледа достижно; и покрај ризиците, економијата на Бугарија покажа релативна отпорност“, изјави премиерот.

Тој истакна дека S&P Global Ratings би можеле да го зголемат рејтингот доколку Бугарија стане членка на еврозоната. Во исто време, S&P Global Ratings предупредуваат дека би ја ревидирале перспективата за рејтингот на стабилна, доколку можноста Бугарија да се приклучи кон еврозоната стане помалку веројатна, посочи Жељасков.

„Ова може да се случи доколку во Бугарија се случи нов продолжителен период на политичка криза или, на пример, доколку инфлациониот притисок повторно се појави“, предупреди премиерот.



Слични Објави