Нова Република: Во Киев и Кишињев се слави почеток на преговори за членство во ЕУ, во Скопје се палат возила на соседна ЕУ-членка
Во Киев и Кишињев се слави почеток на преговори за членство во ЕУ, во Скопје се палат возила на соседна ЕУ-членка, реагираат од политичкото движење Нова Република во врска со денешното палење на два автомобили со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје.
“Држава која не гарантира безбедност за сопствените граѓани, не гарантира безбедност ниту за амбасадите. И обратно.
…нападот врз една амбасада (во случајот на Бугарија) го сметаме за срам за нас – земјата-домаќин.
Затоа Министерството за внатрешни работи да одговори на следните прашања:
– Секоја амбасада во Скопје е физички обезбедена од МВР. Во случајов, каква била и имало ли воопшто реакција на полициското обезбедување?
– Спроти амбасадата има камери од системот “Безбеден град”. Дали тие се во функција?”
Овие прашања и констатации ги изнесовме на 11 јануари 2026 при кршењето на стаклата на Амбасадата.
Третирањето на тогашниот напад како обичен “инцидент” го охрабри денешното палење на возилата. Впрочем, повторно потсетуваме дека до денес се уште не знаеме кој упадна и ја палеше американската Амбасада во Скопје во 1999. Третирањето на денешниот случај како и јануарскиот (ќе) значи и партиски инструирано дело под покровителство на власта, со цел:
– да ги влоши билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија,
– да ја засили неказнивоста, но и
– да му потврди на Брисел дека говорот на омраза и неговите последици официјално Скопје ги игнорира.
Приведувањето на сторителот е за поздравување.
Но, бидејќи МВР не ја гарантира безбедноста на Амбасадата (во центарот на главниот град) по втор пат – Министерството е должно и да ги санкционира слабостите во својата управа за обезбедување на значајни личности и објекти, стои во реакцијата на Нова Република.

