ВЕЉАНОСКИ: НЕМА ЕКОНОМСКА ОПРАВДАНОСТ ЗА ПЕТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОБРАНИЕТО

Поранешниот претседател на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, смета дека нема потреба законодавниот дом да има пет претседатели.

loading...

„Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија! Нема економска оправданост и причина за толкав број потпретседатели на Собранието“, вели Вељаноски.


Тој беше претседател на Собранието во три мандати во периодот од 2008 до 2016 година, а неговата реакција следува откако за денеска Талат Џафери закажа седница на која треба да се утврди бројот на потпретседатели, кој според предлогот е да има петмина.

Преку објава на Фејсбук тој посочува дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2016 година, во сите четири парламентарни состави имало по тројца потпретседатели. Вељаноски прави и споредба со тоа како е во другите држави, па посочува дека во САД има 435 пратеници и 1 потпретседател, Велика Британија – 650 пратеници и 3 потпретседатели, Словенија – 90 пратеници и 3 потпретседатели, Италија – 630 пратеници и 4 потпретседатели, Германија – 709 пратеници и 5 потпретседатели.



loading...