„Ова е проблем кој се провлекува со години, но очигледно дека ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ постоеше желба да се реши. Во Собранието имаше една ваква иницијатива, но и двете партии не дадоа поддршка. Гледаме дека и овој пат молчат.
Привилегиите мора да се скратат, а дел од парите кои се даваат за екс претседателите предлагаме да се пренаменат за операции во странство“, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на ГДУ, Петар Колев.