ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ ВО СКОПЈЕ ОД 26 ДО 28 СЕПТЕМВРИ
По 14. пат, традиционално во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал. На „Скопје вајн експо“ (Skopje Wine Expo) посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, деликатеси и богата музичка програма, соопшти организаторот.
Фестивалот ќе се одржи од 26 до 28 септември на платото пред МОБ ( Плоштад „Мајка Тереза“) и ќе настапат: Ефто Пупиноски и Блага Петреска, „Тропико Бенд“, „Слаткаристика“, „Ареа“, Тоше Проески Трибјут ( Александра Јанева и Марко Логаут), „Нокаут“, Криско и Графа од Бугарија, „Либеро Бенд“ и многу други. На фестивалот ќе има дегустација на сортни вина, голем избор на гурмански специјалитети, вински коктели како сангрија и вино мохито и забави кои ќе започнуваат од 18:00.
Фестивалот е под покровителство на град Скопје.
