Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти денеска дека ако некој сака да го замени старото возило со ново, ќе има можност да добие субвенција од 2.000 до 3.000 евра, јавува НОВАТВ.
Според него, критериумите за поддршката се уште не се дефинирани, но веројатно ќе базираат на приходите во семејствата. Во првата година се предвидува да бидат опфатени од 200 до 500 возила.
„Субвенции секако нема да добие некој кој има 20, 30 или 40 илјади евра за да купи нов автомобил“ вели Бектеши.