БЕЛГИСКИОТ ПРИНЦ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КАРАНТИНОТ

//

Белгискиот принц Јоаким (28), кој се заразил со коронавирус откако присуствувал на забава во Шпанија, е казнет со парична казна од 10.400 евра за прекршување на карантинските мерки.

Тој е казнет затоа што откако пристигнал во Шпанија на 24 мај, не ја испочитувал 14-дневната мерка за карантин, а два дена подоцна присуствувал на забава во Кордоба, јавува Би-би-си.

Иако се извинил за неговото однесување, тој ќе мора да плати казна, којашто ќе се намали за 50 проценти доколку ја плати во рок од 15 дена. Принцот Јоаким е внук на кралот Филип од Белгија и 10-ти во редот за наследување на тронот.

Извор: makfax



Претходна статија

ВЛАДАТА И ПОКРАЈ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ

Следна статија

ВО БИХ СЕ ПОЈАВИ СМРТОНОСНО БЕСНИЛО

Најново од Вести