РОМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО СКАНДАЛОТ СО УБИСТВОТО НА ДВЕ ТИНЕЈЏЕРКИ

/

Министерот за внатрешни работи на Романија се повлече од функцијата по скандалот со убиството на две тинејџерки.

Јавноста неодамна беше разгневена поради убиствата на Александра Мацесану (15) и Луиза Меленку (18) во јужниот град Каракал.

Мецесану се јавила на европскиот број за итни случаи 112, но на властите им биле потребни 19 часа да ја лоцираат, неуспешно обидувајќи се да ги следат нејзините повици и да обезбедат непотребни потерници.

Николае Мога, кој беше на оваа функција само шест дена, во вторникот поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи на Романија.

Истрагата покажаа дека политизираните тела за јавна безбедност се недоволно финансирани, имаат недостаток од кадри и се недоволно обучени, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на полицијата во Романија и неколку окружни службеници веќе беа отпуштени поради случајот.

Претседателот Клаус Јоханис рече дека истрагата претставена на состанокот на Врховниот совет за одбрана во вторникот, идентификувала серија „сериозни недостатоци“.



Покрај доцнењата, властите не ги следеле протоколите за пребарување и спасување на деца.

„Откриено е дека институциите надлежни за јавниот ред и безбедност … не успеаа, по низата неприфатливи грешки, да го обезбедат основното право на живот“, рече тој.

Јоханис додаде дека побарал од владата на социјалдемократите да воведат мерки до крајот на август за подобрување на соработката и на системите за брза реакција на институциите за јавна безбедност, вклучително и технологија за лоцирање на повиците на бројот 112.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ВЛАДАТА ЌЕ ДЕЛИ СУБВЕНЦИИ ДО 3000 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА КУПУВАЊЕ НА НОВО ВОЗИЛО

Следна статија

ГРУЕВСКИ ДО ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ: ЈАС НЕКАКО ЌЕ ПЛИВАМ А ВИЕ УЖИВАЈТЕ ВО СОПСТВЕНОТО ТОНЕЊЕ

Најново од Вести