Попладево, Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец бил пренесен на Клиника за дигестивна хирургија од затворот во Шутка, дознава Телма, пренесува Фокус.
Од Кривичен суд ја потврдиле информацијата, дека на барање на затворскиот доктор, на Милески му бил одобрен преглед и тој веднаш бил вратен во затворот. Засега нема детална информација за тоа какви здравствени проблеми има Милески.