1ТВ СЕ ВРАЌА ВО ЕТЕР

/

По куса пауза 1ТВ вечерва во 20 часот повторно ќе се врати со информативно издание, соопштија на нивната интернет страна.

„По куса пауза, информативната редакција на 1ТВ во согласност со зацртаните програмски определби продолжува со вести и информативни содржини. Уредници на Централниот дневник на 1ТВ вечерва во 20 часот се Александар Петрески и Сашо Орданоски. Во предвидениот термин, покрај иформациите од земјава и светот, гледачите ќе имаат можност да проследат и дебата на тема: Дали власта ќе победи во битката со лажните вести? Гости на Орданоски се поранешниот претседателски кандидат Насер Селмани и Марина Туева од Советот за етика“, информираат од телевизијата.





Претходна статија

(ВИДЕО)КАЈЧЕВ: ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД РАБОТАТА НА ЗАЕДНИЧКАТА КОМИСИЈА ЗА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Следна статија

И ЗОКИ КИЧЕЕЦ БИЛ НА ПРЕГЛЕД ВО БОЛНИЦА

Најново од Вести