|

Одбележуваме 117 години од смртта на големиот бугарски револуционер од Македонија Димитар Попгеоргиев Беровски

На 19-ти декември 1907 г. во Ќустендил умира ДИМИТАР ПОПГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ. Роден е 1840 г. во Берово. Прво учи во Солун, а потоа во духовната семинарија во Одеса, каде се запознава со Георги Раковски. Учествува во првата Бугарска легија во Белград, во 1862 г. Од таму се враќа во Берово, каде учителствува. Во 1873 г. народот го избира за раководител на училишните и црковните дела во обштината. Застанва начело на борбата во Малешево против грчкото духовенство. Во 1874 г. под негово раководство селаните од Берово го изгонуваат струмичкиот грчки владика, поради кое е фрлен во затвор. Бега во Цариград и се вклучува во активностите на Бугарската егзархија. Незадоволството на малешевци кон грчкиот владика било силно и Бугарската обштина во Берово се свртила кон Бугарскиот унијатски епископ во Одрин да биде примена во унијата, бидејќи била откажана дозволата до Бугарската егзархија. Во Солун 1875 г. Д. Попгеоргиев ја предводи подготовката на Разловското востание, така што создава револуционерно јадро околу здружението „Бугарска зора“. За време на Априлското востание тој е раководител на Разловската чета. По објавувањето на Руско-турската војна во 1877 г. води чета и се среќава со четата на Иљо војвода. Двајцата војводи започнуваат да установуваат Бугарска власт во Пијанечкиот крај. По Берлинскиот конгрес тој зема активно учество во подготовката и спроведувањето на Кресненско-Разложкото востание и е определен за началник на штабот. По иницијатива на Натанаил Охридски и востаническото раководство била изпратена една делегација во Основачкото собрание во Трново, во кое учествувал и Беровски со задача да ја изрази големата желба на сите Бугари од Македонија за обединување со Бугарија. По задушувањето на востанието тој се населува со семејството во Ќустендил. За време на србско-бугарската војна од 1885 г, тој застанва начело на доброволна чета. Награден е со орден за храброст. Покасно неговиот дом се претвора во база на револуционерното движење со што тој е првиот ќустендилски пунктов началник на ВМОРО.
“Дваесет години веќе изминаа, од кога многустрадалниот наш народ беше изложен на најжестоки искушенија, на најнечуени маки, какви што може да измисли само еден див, варварски народ. Пепелиштата на Батак, Клисура, Перуштица уште не се зараснати и свидетелствуват за тоа. Истото нешто се извршува постојано над Бугарите во робска Македонија. Денес од зад Осогово се слушат пак писокот на децата, лелеците на жените, плачот на старците.
Бугарски граѓани! Овие клети бежанци и бежанки, искинати, боси, гладни, измачени толпи и толпи пристигаат секојдневно, за да барат подслон и утеха меѓу слободните свои браќа (во Кнежеството Бугарија).”

ПОВИК КОН БУГАРСКИТЕ ГРАЃАНИ, 1897 г.

Слични Објави