| | |

(Фото) Членови на МПО се сретнаа во македонско-бугарската црква Свети Дух во Јангстаун, Охаjо

Претставници од четири клуба на Македонската патриотска организација во САД и Канада се сретнаа во Јангстаун, Охајо на 15 декември 2024 година. Домаќин на средбата беше православната црква Свети Дух и огранокот „Тодор Александров“ во Јангстаун, кои веќе речиси 90 години прекрасно го чуваат македоно-бугарското наследство во Северна Америка. Гости на настанот беа членови на МПО „Дамјан Груев“ во Индијанаполис, МПО „Пирин“– Чикаго, и МПО „Бистрица“ во Синсинати.

Претседателката на МПО „Тодор Александров“ Џенис Џарвис доби неколку подароци за нивниот огранок кои вклучуваа слика на Александров од 1912 година со негов автограм и посвета на поетот Пејо Јаворов и неколку публикации на темата Македонија во кои беа вклучени класични книги како исповедите на македонскиот комита од Калифорниjа Алберт Сонихсен (“Confessions of a Macedonian Bandit: A Californian in the Balkan Wars”) издадена во 1909 година, трудот на Хенри Брејлсфорд за народите во Македониjа од 1909 година (Henry N. Brailsford, Macedonia: Its Races and Their Future, Premier Press, New York, 1909), како и понови академски студии како книгата на професорката Ипек Јосмаоглу (Ipek Yosmaoglu, “Blood Ties: Religion, Violence and the Politics of Nationhood in Ottoman Macedonia, 1878–1908, Princeton University Press, 2014).

Членовите на МПО „Тодор Александров“ гордо го истакнаа знамето на својот огранок и сликата на Тодор Александров. Гостите беа импресионирани колку добро е зачувано македоно-бугарското наследство во Јангстаун и сите учесници се согласија дека ова наследство денес треба да ги обединува луѓето од Бугарија и Северна Македонија. Претседателот на македоно-бугарската црква Свети Дух, Џо Наги, ја опиша нејзината богата историја и покажа слики од различните фази на реновирањето и проширувањето на храмот. Изградена во 1936 година, оваа македоно-бугарска црква во Охајо е една сокриена убавина, која вреди да биде посетена. Повеке информациjа црквата можете да најдете на следниот линк.

Членовите на МПО испратија честитки за Божиќните празници на сите свои симпатизери и пријатели во Европа и Северна Америка ветувајки дека во 2025 година ќе продолжат да работат за зачувување на нивното неверојатно наследство.



Слични Објави