| |

Националниот џез оркестар на Скопје ќе настапи на првото издание на Балканскиот џез фестивал „Будење“ во Ќустендил

Првото издание на Балканскиот џез-фестивал „Будење“ ќе се одржи утре, 22 август, во паркот пред Уметничката галерија „Владимир Димитров-Мајсторот“ во Ќустендил, јавува БТА.

Програмата почнува во 17 часот со базар на иницијативата „Живите места“, а во 19 часот ќе настапи DJ Moustache Love. Националниот џез-оркестар од Скопје, предводен од Владимир Николов, ќе свири од 20 часот, додека Биг-бендот на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“, под раководство на Михаил Јосифов, ќе настапи од 21 часот.

Водителка ќе биде новинарката Лили Големинова од Бугарското национално радио. Влезот е слободен, а фестивалот се одржува под покровителство на бугарската претседателка Илијана Јотова и со поддршка од Општина Ќустендил.



Слични Објави