Косово и Бугарија ќе ја продлабочуваат соработката во одбраната
Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Мачедонци, и бугарскиот амбасадор во Приштина, Христо Краевски, на 2 септември разговараа за безбедносната состојба во регионот и за продлабочување на билатералната соработка на дветво областа на одбраната.
На средбата биле оценети добрите односи меѓу Косово и Бугарија и било истакнато значењето на бугарскиот придонес во мисијата на НАТО – КФОР, соопшти косовското Министерство за одбрана.
Соговорниците ја нагласиле и поддршката на Бугарија за евроатлантската интеграција на Косово и изразиле подготвеност за продолжување на соработката во областа на безбедноста и одбраната.
