Јотова и Радев се сретнаа со помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Скот Бреј
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, и бугарскиот премиер Румен Радев се сретнаа со помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Скот Бреј, кој престојува во посета на Бугарија во контекст на претстојното бугарско претседавање со Комитетот на НАТО за цивилно разузнавање во 2027 година. Безбедносната состојба во регионот, предизвиците за колективната безбедност на Алијансата и актуелните прашања од агендата на НАТО беа меѓу главните теми на разговорите, јавуваат бугарските медиуми.
На средбата во претседателската институција на „Дондуков“ 2, Јотова и Бреј разговарале за предизвиците со кои се соочува колективната безбедност на НАТО во услови на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.
Бугарската претседателка го нагласи значењето на обезбедувањето сигурносни гаранции за Црноморскиот регион, посочувајќи дека тој има исклучително економско значење за Бугарија.
Главна цел на посетата на Скот Бреј на Бугарија е подготовката за бугарското претседавање со Комитетот на НАТО за цивилно разузнавање во 2027 година.
Одделна средба со помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност одржа и бугарскиот премиер Румен Радев.
На средбите со бугарскиот државен врв на Бреј присуствувале и Пламен Тончев и Антоан Гечев, претседатели на ДАНС и ДАР.
