| |

Општината Елин Пелин во Бугарија доделува до 10.000 евра помош за трето и секое следно дете

Општината Елин Пелин во Бугарија воведе финансиска помош за млади семејства, која изнесува до 1.000 евра за прво дете, до 1.500 евра за второ и до 10.000 евра за трето и секое следно дете, јавува Актуално.

Помошта е наменета за семејства со постојана или сегашна адреса на територијата на општината и се доделува според утврдени критериуми, без да зависи од приходите на родителите.

„Не е важен само износот на финансиската помош. Долгорочната политика што ја водиме девет години дава резултати. Демографијата е во пораст, а Општина Елин Пелин има позитивен прираст на населението“, изјави градоначалникот Ивајло Симеонов.

Тој посочи дека во последните години се зголемува бројот на деца и на млади семејства што избираат да живеат во општината, при што се обезбедуваат и места во детските градинки и пристап до училиштата.

Во 2025 година во општината биле родени повеќе од 80 деца, а од почетокот на 2026 година се поднесени девет барања за помош за трето дете.



Слични Објави