|

Косор со остра порака на социјалната мрежа „Икс“ побара целосно суспендирање на преговорите на Србија со ЕУ

Поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор, ја повика Европската комисија да ги суспендира преговорите за пристапување на Србија во Европската Унија, јавува БГНЕС.

„По денешното масовно, нецивилизирано поклонување на Србија пред воен злосторник осуден за геноцид, очекувам од неспособната Европска комисија и неспособната претседателка Урсула фон дер Лајен целосно да ги суспендираат преговорите за пристапување на Република Србија во Европската Унија. Тоа е минимумот“, напиша Косор на социјалната мрежа „Икс“.

Осудениот за воени злосторства генерал Ратко Младиќ вчера, 7 септември, беше погребан на гробиштата „Топчидер“.

Поранешниот командант на Армијата на Република Српска беше испратен со повеќетилјадна поворка и беше погребан со воени почести. Пред погребот, почесниот вод испука три плотуни.

Претходно, околу 12 часот, започна опелото што го служеше српскиот патријарх Порфириј, во сослужение со епископи на Српската православна црква. Патријархот одржа и говор за време на церемонијата.



Слични Објави