Роби Вилијамс ќе настапи на фестивалот PHILLGOOD 2027 во Пловдив
Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс ќе настапи на 16 јули 2027 година во Пловдив, каде што ќе биде главен изведувач на првата вечер од фестивалот PHILLGOOD 2027, јавува Actualno.com.
Фестивалот ќе се одржува од 16 до 18 јули 2027 година на Веслачката база во Пловдив, а Вилијамс е првото објавено име во програмата.
Претпродажбата на билетите за сопствениците на Mastercard картички започнува утре во 10:00 часот преку мрежата на Ticket Station. Во сабота и недела билети ќе можат да купуваат членовите на Fest Club, додека општата продажба ќе започне во понеделник во 10:00 часот.
Цените почнуваат од 99 евра за еднодневен и од 199 евра за тридневен билет.
Роби Вилијамс повторно ќе настапи во Бугарија по концертот на стадионот „Васил Левски“ во Софија во 2025 година, на кој присуствуваа повеќе од 40.000 луѓе.
Британскиот пејач во кариерата има продадено околу 90 милиони албуми ширум светот и има 16 албуми што го достигнале првото место на британските топ-листи. Добитник е на 18 награди BRIT, осум награди ECHO и три награди MTV Europe, а има и две номинации за „Греми“.
Во 2025 година ја доби наградата „PRS for Music Icon“ на доделувањето на наградите „Ivors“, што беше негово петто признание „Ivor Novello“.

