| |

Бугарскиот министер за правда: Бугарија доследно ги интегрира европските стандарди за човекови права

Бугарија доследно ги интегрира стандардите за човекови права утврдени од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), изјави бугарскиот министер за правда Николај Најденов на средбата со претседателот на Судот, Матијас Гијомар, во Стразбур, јавува БТА.

„Бугарија преку конкретни законодавни, институционални и практични реформи докажа дека нуди одржливи решенија, целосно усогласени со европските стандарди“, истакна Најденов.

Тој посочи дека постои траен тренд на намалување на бројот на нови предмети од Бугарија што стигнуваат до судски состав на ЕСЧП.

Најденов го покани Гијомар следната година да ја посети Софија по повод 35-годишнината од ратификацијата од страна на Бугарија на Европската конвенција за човекови права.

Бугарскиот министер учествуваше на средбата како дел од делегацијата предводена од претседателката Илијана Јотова, а присуствуваше и на заседание на Комитетот на министри на Советот на Европа во формат „Човекови права“.



Слични Објави