Над 11.000 тркачи од 66 земји ќе учествуваат на Софискиот маратон
Над 11.000 тркачи од 66 земји ќе учествуваат на 43. издание на Wizz Air Sofia Marathon, што ќе се одржи на 10 и 11 октомври во Софија, соопштија организаторите пренесува БНР.
На 10 октомври ќе се одржат трките на 5 и 10 километри, а на 11 октомври полумаратонот на 21,1 километар, класичниот маратон на 42,195 километри и штафетната трка RelayRun на 2 x 21,1 километар.
Вкупниот награден фонд изнесува 14.550 евра, а до средината на септември за учество се пријавиле околу 1.400 странски натпреварувачи. Квотите за маратонот и полумаратонот се пополнети 10 дена пред истекот на редовната регистрација.
Трасата минува покрај дел од позначајните знаменитости на Софија, меѓу кои храмот „Александар Невски“, Народното собрание, Ларгото и Лавовскиот мост.

