Конакот во бугарскиот град Мелник ќе биде реставриран и претворен во музеј
Kонакoт во бугарскиот град Мелник, Бугарија ќе реновиран и реставриран со цел да се претвори во Музеј на историјата на градот и регионот, јавува весникот Струма.
Проектот предвидува изградба на изложбени сали на два ката, обновување на просторот околу зградата и обезбедување пристапна средина.
Конакот е османлиска градба во центарот на Мелник, наспроти градската библиотека, а во 2015 година е прогласен за споменик на културата од архитектонско-градежно и историско значење.
Зградата е изградена во 1821 година. Во 2016 година бил поднесен проект за нејзина реставрација во рамките на програма на Европската Унија, а во 2017 година бил изработен и проект за нејзино претворање во музеј.

