54-годишна донорка од Бугарија им даде шанса за живот на тројца пациенти во Романија
Две трансплантации на бубрези и една трансплантација на црн дроб биле извршени на 2 октомври во Клиничкиот институт „Фундени“ во Романија, со органи од донорка од Бугарија, соопштија од болницата „Д-р Стефан Черкезов“ во Велико Трново, пренесува БНР.
Кај пациентката била утврдена мозочна смрт на Одделението за анестезиологија и интензивно лекување во болницата. Нејзините блиски, и покрај тешката загуба, се согласиле да ги донираат нејзините органи за да им дадат шанса за живот на други пациенти.
Бидејќи во Бугарија не биле најдени соодветни приматели, органите биле искористени за трансплантации кај тројца пациенти во Романија.

