РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: ХРОНО МАФИНИ
Состојки:
3 јајца
1 чаша кисела вода
2 чаши брашно од спелт (или друго дозволено)
1 лажичка сол
1 прашок за пециво
растворена маст
Подготовка:
1. Пенасто изматете ги јајцата, потоа додадете ја киселата вода да се соединат.
2. Додадете брашно, сол и прашок за пециво и измешајте ги сите состојки за да направите хомогено тесто.
3. Премачкајте го калапот за мафини и сипете ја подготвената смеса. 4. Печете во загреана рерна на 220ºC околу 30 минути.
На здравје!
