ТРАГЕДИЈА ВО ВЕЛЕШКО: ЕДНО ЗАГИНА А ДВЕ ДЕЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ПО ПАД ОД ТРАКТОР

//

Вчера околу 20 часот, загина десетгодишно дете, а две се тешко повредени при пад од импровизирана метална корпа прикачена на трактор. Според полицијата, околу 20 часот С.С. (18) од село Бузалково го паркирал тракторот „ИМТ 542“ со велешки регистерски таблички во нива којашто се наоѓа над крстосницата кон селото Сливник, покрај пат што води кон село ‘Рлевци, Велешко.

Трагедијата се случила кога тракторот тргнал во удолнина при што се превртела металната приколка и ги приклештила децата што се наоѓале во неа: две на возраст од 10 години, едно осумгодишно дете и едно петгодишно, сите од село Бузалково. Три од децата (на возарст од 10, пет и осум години) биле пренесени во Општата болница во Велес, каде од страна на лекар кај десетгодишното била констатирана смрт, додека кај петгодишното дете констатирани биле тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Кај третото (осумгодишно дете) констатирани биле телесни повреди и било задржано на понатамошно лекување во Општата болница во Велес. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа за увид од СВР-Велес.

Ова не е прва трагедија во месноста која одзела детски животи. На 28.8.2015 година година во с. Бузалково, кај месноста Врбица загина малолетник во сообраќајна несреќа со трактор во која беа повредени уште четири деца, исто така превезувани во метална приколка.





Претходна статија

П. КОЛЕВ: ГЛАСОТ НА ЕДЕН Е ГЛАС НА НИКОГО, ГЛАСОТ НА НАРОДОТ Е ГЛАС БОЖЈИ

Следна статија

СЕ ТРАГА ПО ТРИ ШТИТЕНИЦИ ОД ДОМОТ „25 МАЈ“

Најново од Вести