| |

Бугарија: Работата на Коридорот 8 преминува од планови кон конкретни активности

Работата на Коридорот 8 преминува од документи и најавени намери кон конкретни активности, изјави бугарската заменик-министерка за транспорт и врски Христина Велинова на Меѓународната конференција за Коридорот 8 во Софија.

Според неа, трасата Софија – Скопје – Драч – Бари во актуелните геополитички услови е значајна не само за трговијата и регионалниот развој, туку и за безбедноста и воената мобилност во рамките на соработката меѓу ЕУ и НАТО.

„Работата на Коридорот VIII преминува од документи и најавени намери кон реални активности“, рече Велинова.

Таа посочи дека во рамките на Заедничкиот комитет со Северна Македонија веќе се координираат конкретни технички и оперативни прашања поврзани со изградбата и идното користење на прекуграничниот железнички тунел.

На бугарска територија е склучен договор и обезбедено е финансирање за железничката делница долга 2,4 километри меѓу Ѓуешево и влезот во тунелот. Се работи и на целата железничка насока Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево.

Велинова додаде дека вклучувањето на трасата во европскиот коридор „Западен Балкан – Источен Медитеран“ овозможува железничката врска да се финансира преку европските фондови и програми.

Слични Објави