Демерџиев: Ива Михаилова е во „Пирогов“, ќе биде сослушана
Министерот за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев соопшти дека добил информација оти Ива Михаилова и нејзиниот адвокат се наоѓаат во „Пирогов“, јавува БТВ.
Претстои да бидат преземени активности за нејзино сослушување и за утврдување кога, каде и на кој начин ја преминала границата. Ќе бидат проверени и сите останати околности поврзани со случајот, вклучително и дали Михаилова има потреба од обезбедување. Доколку се утврди таква потреба, ќе ѝ биде обезбедена заштита.
Според Демерџиев, во моментов нема информации за контакт од страна на Северна Македонија, ниту имало комуникација иницирана од македонските власти.

