Претседателката на Бугарија Јотова ќе разговара со европски лидери за нападите врз бродови во Црното Море
Претстои разговор со колеги европски лидери, со кои сакаме да подготвиме заеднички став за да побараме вонредна точка на дневниот ред на Советот. Ова го изјави пред новинарите претседателката Илијана Јотова, одговарајќи на прашање за нападите врз бродови во Црното Море, јавува БТА.
Претседателката Илијана Јотова учествуваше на церемонија за доделување признанија на учесниците во програмата „Меѓународна награда на војводата од Единбург“ во Бугарија, одржана во Американскиот колеџ. Претседателката им врачи значки на ученици од различни училишта кои постигнале златно ниво во рамките на програмата.
Бугарија остро ги осудува најновите напади врз трговски бродови во Црното Море, кои претставуваат грубо прекршување на меѓународното хуманитарно и поморско право, порача претседателката Илијана Јотова во ставот доставен од нејзиниот прес-секретаријат претходно денеска.
