| |

Бугарскиот центар за развој на човечките ресурси преку eTwinning обедини просветни работници од 11 држави за меѓународна соработка

Педагошки стручњаци и претставници на образовната заедница од 11 држави учествуваа на меѓународна обука посветена на иновативните наставни пристапи и соработката меѓу образовните институции, соопшти Центарот за развој на човечките ресурси во Бугарија, кој ја организираше обуката во рамките на активностите на eTwinning.

На обуката учествуваа претставници од Ерменија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Либан, Косово, Романија, Словенија, Шпанија и Тунис.

Извршниот директор на Центарот, Николај Спасов, ги поздрави учесниците и ги повика преку дискусии да разменат искуства и добри практики и да воспостават нови меѓународни партнерства за развој на квалитетно, современо и инклузивно образование.

Во фокусот беа можностите што ги нуди eTwinning за заеднички проекти меѓу образовни институции од различни држави. Учесниците разменија идеи за поттикнување на активното учество на децата и развивање клучни вештини преку креативност, практични активности и искуствено учење.

Програмата вклучуваше и креативни работилници посветени на поврзувањето на културното наследство и националните традиции со современите педагошки практики.

„Иднината на образованието се гради заедно – преку споделени знаења, идеи и партнерства преку границите“, се наведува во објавата на Центарот.

Слични Објави