| |

Првите два авиони Ф-16 ќе бидат во Бугарија до крајот на април

Првите два авиони Ф-16 ќе бидат во Бугарија до крајот на април, а еден готов ловец ќе остане на обука во САД, најави министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов. Првиот борбен авион ќе биде примен на 31 јануари во Гринвил. Вкупно осум од 16-те купени борбени авиони се очекува да бидат примени до крајот на годината, рече Запријанов, цитиран од БНР, пренесува БГНЕС.

До крајот на годината се очекува да бидат употребени две патролни фрегати во Црното Море, најави Атанас Запријанов.

„70% од извозот на Бугарија минува преку Црното Море, односно блокирањето на Црното Море значи блокирање на економиите на Романија, Бугарија и голем дел од Европа, така што во овој поглед ќе продолжиме да се грижиме за безбедноста на Црното Море“.

Во среда, бугарски адмирал ќе ја преземе командата на групата против минирање во Црното Море, изјави министерот за одбрана и претстави повеќе мерки за подобрување на одбранбените способности:

„До крајот на годината очекуваме и испорака на првите борбени возила „Страјкер“ кои ќе се склопуваат во бугарското претпријатие „Терем Ивајло“ – Велико Трново. Дополнително планираме артилериски инсталации од 155 милиметри и беспилотни летала. .

Првата дивизија IRIS-T се очекува до крајот на 2027 година. Според Атанас Запријанов, ќе има континуирана нестабилност во наредните години.

Слични Објави