| |

Театарот во Пловдив воведува месечни претстави со текстуална поддршка за лицата со оштетен слух

Претставата „Одисеј“ според Хомер ќе се изведе на 3 ноември во Големата сала на Драмскиот театар – Пловдив со специјално подготвена текстуална поддршка, кои ќе ја направат достапна за глуви и наглуви гледачи, соопштија од културната институција на својата страница на Фејсбук, пренесува БТА.

Автор е Александар Секулов, а режисерка е Дијана Добрева. Настанот е дел од заедничката иницијатива на театарот и Холдинг КЦМ 2000, насочена кон обезбедување поширок пристап до театарската уметност за лицата со оштетен слух.

„Веруваме дека општествената одговорност на една културна институција се изразува не само преку уметноста што ја создава, туку и преку напорите таа да допре до што е можно повеќе луѓе. Затоа пристапноста ја претвораме во трајна обврска, а не во еднократна иницијатива. Секој месец ќе прикажуваме претстава со титлови, а во програмата ќе бидат вклучени постановки од Големата и од Камерната сала“, наведуваат од Драмскиот театар – Пловдив.

За изведбата на „Одисеј“ на 3 ноември е предвидена специјална цена на билетите од 8 евра за глуви и наглуви гледачи, се наведува во соопштението.

Слични Објави