БКИЦ: Бугарски уметници и дизајнери се претставија на Модниот викенд Скопје
Меѓународниот проект „5+5 / Уметност + мода“ и книгата „THE VOICES OF FASHION“ („Гласовите на модата“) на Нели Митева беа претставени во рамките на бугарското учество на 33-то издание на Модниот викенд Скопје, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Настанот се одржа изминатиот викенд во Музејот на современата уметност во Скопје. Бугарскиот културно-информативен центар, како партнер на манифестацијата, го поддржа гостувањето и претставувањето на бугарските учесници.
За време на престојот во Скопје, Надежда Џакова, Нели Митева, Ангелика Радева, Александар Гергинов и Гого Флоров го посетија Центарот, каде што разговараа за можностите за идни заеднички проекти.
„Продолжуваме да поддржуваме иницијативи што создаваат простор за средби, размена и соработка меѓу бугарските и меѓународните творци, афирмирајќи ги културата, уметноста и модата како мост меѓу заедниците и идеите“, наведуваат од Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
