По повод Архангелската задушница, бугарски дипломати во Србија положија цвеќе во спомен на бугарските војници загинати во Првата и Втората светска војна
Бугарскиот амбасадор во Србија, Ангел Ангелов, положи цвеќе во Белград во спомен на бугарските војници загинати во Првата светска војна. Бугарскиот конзул во Ниш, Димитар Иванов, положи цвеќе во месноста Ледена Стена во спомен на бугарските воени лица загинати во Втората светска војна, јавува БТА.
По повод Архангелската задушница, наречена и Машка задушница, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дипломати од бугарската мисија во Белград положија цвеќе и венци во спомен на 32 бугарски војници загинати во Првата светска војна.
Посмртните останки на 32-та војници се положени во костурница на парцела 99 во гробишниот парк во српската престолнина.
Костурницата е официјално осветена на 2 декември 1934 година.
Бугарскиот конзул во Ниш, Димитар Иванов, положи цвеќе пред спомен-костурницата во месноста Ледена Стена кај Ниш, во знак на почит кон 2.015 загинати бугарски војници кои се вклучиле во завршната фаза на Втората светска војна и учествувале во ослободувањето на Југославија од окупацијата на Третиот Рајх.
Меморијалот во месноста Ледена Стена е официјално отворен кон крајот на шеесеттите години на XX век, откако Бугарија и Југославија потпишале спогодба за регулирање на статусот на бугарските воени гробишта.
