Бугарскиот премиер Румен Радев ќе учествува на климатскиот самит на ОН – COP31 во Турција
Предизвиците со кои се соочува светот поради климатските промени се во центарот на климатскиот самит на Обединетите нации – COP31, кој се одржува во турското одморалиште Анталија. Бугарија на форумот ќе ја претставува премиерот Румен Радев, јавува БНТ.
Главното прашање за учесниците на самитот е како досега преземените обврски и дадените ветувања за справување со климатските промени да се претворат во конкретни мерки и активности.
На отворањето на форумот беше истакнато дека светот достигнал критична точка во климатската криза и дека е неопходно побрзо дејствување за справување со нејзините последици.
На самитот се очекува учество на 102 лидери, кои претставуваат 95 држави и седум меѓународни организации.
Климатскиот самит COP31 е посветен на меѓународните напори за справување со климатските промени, со акцент на спроведувањето на веќе преземените обврски.
