| |

Американски прехранбени и земјоделски производи се претставуваат на саем во Софија

Американски прехранбени и земјоделски производи се претставуваат од 11 до 14 ноември во „Интер експо центар“ во Софија, Бугарија, соопшти Амбасадата на САД во Софија.

На штандот на Министерството за земјоделство на САД, во хала 4, посетителите можат да разгледаат понуда што вклучува висококвалитетно говедско месо, вина, виски, грицки, сосови и функционална храна.

Претставувањето е наменето за увозници, дистрибутери, претставници на ресторанскиот и прехранбениот сектор, како и за сите заинтересирани да дознаат повеќе за американската храна и пијалаци.

„Запознајте се со претставниците на американските производители и погледнете што нудат на бугарскиот пазар“, се наведува во поканата на Амбасадата на САД.

Слични Објави