Младиот бугарски тенисер Слави Георгиев го победи синот на Роџер Федерер
Младиот бугарски тенисер Слави Георгиев забележа победа за паметење уште на почетокот на својата кариера. Георгиев, роден во 2014 година, го совлада Лео Федерер со 6:3, 6:3. Неговиот противник е син на тениската легенда Роџер Федерер, кој помина вкупно 310 недели на првото место на светската ранг-листа. Со победата Георгиев се пласира во осминафиналето на турнирот од меѓународната серија TEN-PRO Global Junior Tour, пишува Actualno.com.
Слави Георгиев го победи синот на Роџер Федерер
Шпанија се покажа како среќно место за Георгиев. Тој го победи Лео Федерер во шеснаесеттинафиналето на турнирот што се одржува во академијата на Рафаел Надал, еден од најголемите ривали на Роџер Федерер. Слави е член на тенискиот клуб „Next Gen“ и настапува на турнири за деца родени во 2014 година. Неговиот успех е уште една потврда дека во Бугарија растат многу таленти во најпопуларните спортови.
„Во спортот натпреварите ги добива подготовката, а не имињата“
„Но во оваа приказна најважно не е славното презиме на противникот. Најважно е што едно бугарско момче излезе на меѓународна тениска сцена, поверува во себе и со својата вештина ја заслужи победата! Зашто во спортот натпреварите ги добиваат подготовката, истрајноста, карактерот и желбата за победа, а не имињата. Браво, Слави! Продолжи да сонуваш смело, да тренираш упорно и да докажуваш дека бугарските деца имаат место меѓу најдобрите!“, напиша Николај Николов, еден од водечките луѓе во фондацијата „Академија за таленти“.
