Три претстави во Благоевград и Симитли за „Ноќта на театрите“
Бугарските градови Благоевград и Симитли на 21 ноември ќе учествуваат со три претстави на 14-тото издание на европската иницијатива „Ноќ на театрите“, годинава под мотото „Кралеви и дворски шутови“, јавува БТА.
Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ во Благоевград ќе ја изведе претставата „Сомнеж“ од Џон Патрик Шенли, во режија на Стајко Мурџев. Претставата ги истражува прашањата за вистината, верата и сомнежот, соопшти театарот.
Во Симитли, на сцената на народното читалиште „Св. Климент Охридски – 1922“, театарот „Зазу“ во 11 часот ќе ја изведе детската претстава „Трите прасиња“. Во 18 часот театарот „Искри и сезони“ ќе гостува со комедијата „Изборите тропаат на вратата“, според дело на Бранислав Нушиќ. Влезот за двете претстави е бесплатен, соопшти Општина Симитли.
Годинешната програма на „Ноќта на театрите“ опфаќа повеќе од 80 настани во 12 бугарски градови, меѓу кои и куклени претстави, театарски импровизации, изложби и средби со уметници.
