|

Бугарија разговара со полски туроператори за туристичка понуда и надвор од летната сезона

Бугарскиот министер за туризам Илин Димитров разговараше со водечки туроператори и туристички платформи во Полска за можностите на полските туристи да им се понудат скијачки аранжмани во Бугарија, како и патувања во пролет и есен, соопшти бугарското Министерство за туризам.

На средбите се разговарало за заеднички дигитални рекламни кампањи, подобри авионски врски и туристички пакети со кои патниците би можеле да комбинираат лет и сместување за термини по сопствен избор. Се планираат и посети на полски туристички агенти, новинари и автори на дигитални содржини за да се запознаат со понудата на Бугарија во различни сезони.

БТА потсетува дека Димитров неделава во Варшава со полскиот државен секретар задолжен за туризам, Иренеуш Раш, ја разгледал можноста за воведување директни летови од Вроцлав до Варна и од Познањ и Гдањск до Пловдив. Станало збор и за почести летови меѓу Софија и полските градови на постојните линии.

Слични Објави