Бугарската ЦИК ќе им ги врачи уверенијата на Илијана Јотова и Кирил В’лчев
Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија ќе им ги врачи уверенијата за претседател и потпретседател на Илијана Јотова и Кирил В’лчев на свеченост што ќе започне во 14 часот во зградата на Народното собрание, соопшти прес-центарот на Комисијата.
По вториот круг од изборите, одржан на 1 ноември 2026 година, ЦИК ја прогласи Јотова за избрана претседателка на Бугарија, а В’лчев за избран потпретседател.
Свеченоста првично беше закажана за 11 ноември, но беше одложена поради националната жалост прогласена во спомен на загинатите во тешките сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“.
