„Туристички водич за Република Северна Македонија“ претставен во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје
Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје на 25 ноември беше претставен „Туристички водич за Република Северна Македонија“, издание на Здружението за културно-историско наследство „Св. Климент 2020 – Скопје“. Водичот е објавен на бугарски и на англиски јазик, а утре ќе биде претставен и во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, јавува БТА.

Водичот опфаќа 36 населени места, ја следи нивната историја од антиката до денес и ги претставува знаменитостите во нив и во нивната околина. Содржи фотографии, патописи од минатото и информации за локалните фестивали, панаѓури, манифестации посветени на земјоделски производи и регионални кулинарски специјалитети.

За идејата и подготовката на изданието зборуваа проф. Георги Николов, доц. Александар Гребенаров и Костадин Филипов, новинар и долгогодишен дописник од Скопје.

Претседателот на Македонскиот научен институт, доц. Милен Михов, и научниот секретар Владимир Митов ја претставија работата на институтот. Проф. д-р Борјана Бужашка, директорка на Институтот за бугарската дијаспора и културното наследство во странство при УниБИТ, зборуваше за приоритетите на институтот и за можностите за соработка со бугарските заедници во странство.
